Балкан

Обид за самозапалување пред Владата на ФБиХ

Обид за самозапалување пред Владата на ФБиХ

Полицијата во БиХ денеска спречи самозапалување пред зградата на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина.

Меџиба Халиловиќ од Зеница од понеделникот протестира пред Владата на ФБиХ поради сиромаштијата и лошите услови за живот, а од вчера почна и штрајк со глад. Денеска таа се полеа со бензин, но полицијата спречи трагичен исход.

Халиловиќ е самохрана мајка на три деца и осум години живее во социјален стан во лоши услови.

Таа по обидот за самозапалување беше примена од советник на федералниот премиер.