Во Европа се зголемува сиромаштијата

Оваа агенцијата на ОН истакнува дека сиромаштијата е драстично намалена во земјите со среден приход, но дека останала многу висока во Африка и поголемиот дел на Азија, и дека речиси две третини од Африканците и понатаму живеат во екстремна или умерена сиромаштија, јавува денеска Фена.

– Во развиениот свет дојде до апсолутен пораст на сиромаштијата, особено во Европа, истакна шефот на ИЛО, Геј Рајдер.

Денес скоро две милијарди луѓе живеат во услови на екстремна сиромаштија, со помалку од 3,1 долари дневно.

Додека стапката на сиромаштија значително е намалена во земјите со среден приход, како што се Кина и земјите во Латинска Америја, се уште е екстремно висока во Африка и бележи пораст во Европа и САД.

Главната причина за искоренување на сиромаштијата, како во богатите така и во сиромашните земји, е недостигот на пристојни, сигурни работни места, со сигурен приход и други права.

Речиси една третина од луѓето, кои живеат во екстремна и умерена сиромаштија во земите кои се во развој, имаат работа, се наведува во извештајот на ИЛО.

– Класната разлика е исто така голем проблем во решавањето на сиромаштијата, истакна експертот за социјални и економски прашања на ИЛО, Рејмонд Торес.

Тој истакна дека 30 проценти од светската популација, која се смета за сиромашна, поседува само два проценти од глобалниот приход.

Ако глобалната заедница сака да ја искорени екстремната или умерената сиромаштија треба да потроши 0,8 проценти од глобалниот БДП, но Рајдер истакнува дека тој товар е драстично неизедначен.

За земјите во развој во целина, таа амбициозна цел бара вложување во износ од 21 процент на невниот БДП, додека на пример за африканскиот Малави ќе бидат потребни 78 проценти од БДП, заклучува Рајдер, пренесува Хина.