Две експлозии во близина на телевизија во Лондон

Студиото на телевизијата „Ај-ти-ви“ во Лондон е евакуирано поради дојава за бомба, која наводно е во  возило, паркирано во непосредна близина.

Според тврдења на очевидци две контролирани експлозии одекнале пред студиото „Саутбенк“. Портпаролот на лондонската полиција информира дека експлозиите одекнале два и пол часа откако ја добиле дојавата за сомнителното возило.