МВР: Законските критериуми за селекција се со единствена цел- постигнување на квалитет и конкуренција

Законските критериуми согласно Законот за внатрешни работи се со единствена цел да се постигне квалитет како и конкуренција при обуката на новите полициски службеници.

Кандидатите уште на почетокот на обуката се запознаени со своите права и обрвски како и со фактот дека 10 проценти од нив (оние со послаби резултати), нема да бидат примени, односно нема да потпишат Договор за вработување.

Ова денеска во Министерството за внатрешни работи им беше појаснето на 34 кандидати за полициски службеници кои не потпишаа договор за вработување.