ТОП,Македонија

И покрај тешката политичка криза приоритет се инвестициите: 17 инвестиции за 5 месеци

И покрај тешката политичка криза приоритет се инвестициите: 17 инвестиции за 5 месеци

Големата политичка криза направи штети, но инвестицискиот бум продолжува затоа што нови инвестиции и нови работни места остануваат приоритет на македонската Влада.

Пет од нив веќе почнаа со работа. Станува збор за Технохозе, Икс Трејд , Фабрика за Чипс Кравари, Ки Сејфти Систем  и Симфони Солушнс.

Четири компании започнаа со градба: Акомпласт Прилеп, Мач Груп, Ван Хул, Џонсон Контролс.

akomplast-prilep

Кеслер, Ес Те Ес Текстајл и Амфенол ја најавија својата инвестиција во Македонија. За уште три странски компании има најава за инвестирање во иднина.

Со полната реализација на овие 17 инвестиции кои беа актуелни ќе се вработат околу 7000 невработени лица од Македонија. Инвестициите “тежат“ над 100 милиони евра.

Продолжува инвестицискиот бум

БРГ ја купи „Порцеланка“ во Велес. Договорот е веќе потпишан и најавени се 1000 вработувања. Станува збор за инвестиција вредна околу 31 милион евра. Џерман електро мехаторник систем, потпиша договор за Бунарџик. Ќе инвестира 15 милиони евра и ќе вработи 200 лица.

Три милиони евра во земјава ќе вложи Акомпласт во Прилеп и ќе вработи 150 лица. Икс трејд се занимава со онлајн тргување и од Македонија ќе вработи 100 лица.

akomplast-prilep3

Џонсон Контролс  инвестира уште 20 милиони долари во ТИРЗ Струмица, а најави 1500 вработувања. Пред два дена беше поставен камен темелник за отпочнување изградба на новата фабрика.

И со Ван Хул е потпишан уште еден договор за 400 работни места, плус 100 индиректни вработувања. Вредноста на новата инвестиција на Ван Хул е 17 милиони евра.

vanhol3

Кеслер официјално објави дека ќе инвестира во земјава и дека засега ќе вработи 60 лица.

Отворена е втората фабрика на Технохозе. Во неа ќе работат 100 лица, а компанијата вложи дополнителни 10 милиони евра.

gruevski tehnohose

Фабриката за чипс во Кравари инвестира 3 милиони евра, во неа ќе работат околу 100 лица.

Германската компанија Ес-Те-Ес Текстајлс влезе во Демир Хисар. Вложи 4 милиони евра, за почеток ќе вработи 150 лица, а има план за вкупно 1000. Во третата фабрика на Амфенол ќе бидат веднаш вработени 550, а вкупно нивниот број на вработени понатаму ќе стигне до 1300.

amfenol

Петнаесет милиони евра во Кичево вложува Ки сејфти системс и најавува вкупно 1000 работни места.

Во Илинден инвестира Мач Груп од Турција. 10 милиони евра за 100 нови работни места.

Симфони Солушнс, холандска инвестиција во ИТ секторот, нови 200 вработувања.

sitel1-gruevski

Груевски најави уште три нови инвестиции

Три нови странски инвестиции најави неодамна лидерот на владејачката партија Груевски. Една од нив е од постоечки инвеститор во автомобилската индустрија која ќе отвори втор капацитет во земјава.

– Се работи за голема компанија која веќе инвестираше во Македонија. Таа донесе интерна одлука, очекуваме да се објави за втор капациетет во Македонија. Во почеток, во првите две до три години, тој ќе отвори нови 400 работни места. Подоцна може да оди со 800, 900, па дури и со 1.000 работни места, рече Груевски во гостувањето на ТВ Сител.

Втората инвестиција треба да се реализира во просториите на ЕМО и за неа има интерес од најмалку три компании од различни индустрии и од различни држави.

– Во длабоки преговори сме со нив и се надевам дека во наредните неколку месеци ќе дојде до реализација на инвестиција во просториите на ЕМО. Исто така, има една софтвреска компанија која е пред објавување на својата одлука за инвестирање во Македонија за создавање софтвери, за почеток 200 вработувања, главно, на ИТ-инженери, а подоцна можеби и дуплирање или повеќе на својот капацитет. Има и многу други, но се додека тие самите не објават, ние тоа не го правиме, додаде Груевски.