Пица со чоколаден крем и банани

Лесно и брзо можете да направите пица со чоколаден крем и банани за вас, за вашите пријатели или за роденденот на вашето дете и да уживате во уште една поразлична верзија на популарното јадење наречено пица.

СОСТОЈКИ

полуготово тесто за пица

3 супени лашици чоколаден крем

1-2 банани

5-6 ореви

масло за готвење

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ

  1. Премачкајте го дното на кружна тава за печење со малку масло за готвење, ставете го тестото за пица и оставете го да се печи околу 3-4 минути на 220°C, односно додека не започне да поруменува. На различните теста им е потребно различно време за печење, па затоа треба да го набљудувате.
  2. Откако ќе го извадите од рерната, додека тестото е жешко, со лажица премачкајте го со чоколадниот крем. Ние употребивме 3 лажици крем, но можете да ставите онолку крем колку што сакате.
  3. Исечкајте ја бананата на тенки кругови, а оревите на мали парчиња. Распоредете ги бананите и поросете ја пицата со исечкани ореви. Сервирајте веднаш.

Чинијата во која ја служите пицата можете да ја украсите со шлаг пена или со чоколаден прелив. За уште поинтересен изглед, пицата можете да ја поросите со шеќер во прав, кокос или изрендано бело чоколадо.

Подготовка на пица со чоколаден крем

ВАРИЈАЦИИ

  • Наместо банани, можете да користите јагоди или јаболка.
  • Наместо ореви, можете да користите други јаткасти плодови како бадеми, лешници, ф’стаци, бразилско оревче.
  • Наместо темен какао крем, можете да користите бел крем. Белиот крем особено добро одговара со јагоди.