Почина Бата Живојиновиќ

Велимир Бата Живојиновиќ (83) , еден од најголемите српски актери, почна синоќа во Белград, по долга и тешка болест.
Бата на почетокот на јули 2012 година доживеал тежок мозочен удар од кој закрепна, во октомври 2006 година имал срцев удар, боледувал и од гангрена, која во неколку наврати се лекувал на Куба, кадешто живее неговата ќерка.

Без оглед на тоа дали глумел месар, партизан, свештеник, полициски инспектор или народен човек, неговите улоги ја одбележаа југословенската повоена киенматографија, а неговите филмски реплики ќе се прераскажуваат секогаш.

Velimir Bata Živojinović

Живојиновиќ е роден на 5 јуни 1933 година, во Корачица, селце во близина на Космај.

Филмско деби имал во 1955 година во филмот „Песна од Кумбара”, а први сериозни улоги во филмовите „Воз без возен ред“ (1959.) и „Војна” (1960.) За улогата во „Козара (1962.), филмовите „Три“ (1965.), „Собирачи на пердуви“ (1967.) „Мајсторот и Маргаритката” (1972.)  награден е со Златна арена  во Пула, а за „Момент“ (1978.) добил награда на филмски фестивал во Москва. Наградуван е и на многу други фестивали, а колку бил популарен во Кина зборува податокот дека добил и свое пиво нарчено „Валтер“.

Printskrin: Youtube/Град Београд

Бата активно се занимавал и со политика. Бил избран и за пратеик во српскиот парлемент во 1990 година, а во 2002 годин се кандидирал и за претседател на Србија.