среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Грчкиот парламент изгласа нови строги мерки за штедење

„Грците веќе платија многу, но можеби за прв пат има толку голема можност овие жртви да бидат последни“, рече пред пратениците пред гласањето на мерките премиерот Алексис Ципрас.

Грчкиот парламент изгласа нови строги мерки за штедење

Грчкиот парламент изгласа нови строги мерки за штедење

Последни вести

Грчкиот парламент ги усвои синоќа новите мерки за штедење, пренесоа агенциите.

За мерките гласаа 153 пратеници од владиниот блок на Коалицијата на радикалните леви сили (СИРИЗА) и партијата Независни Грци во 300-члениот парламент.

Новите строги мерки за штедење беа изгласани во пресрет на средбата на Еврогрупата утре.

Покрај создавањето на нов фонд за управување со средства добиени од приватизацијата на државниот имот, новиот закон предвидува зголемување на бројот на индиректни даноци, од чие собирање владата се надева да добие дополнително 1,8 милијарди евра. Ретроактивно (од јануари 2016 година) се зголемуваат даноците на имот и коцкање, а исто така и на заеднички фондови и компаниите за управување со хартии од вредност, ако годишните приходи се над 33 милиони евра.

Од 1 јуни се укинува ДДВ од 23 на 24 проценти, отпаѓаат преференцијалните стапки на ист данок за островите и се зголемуваат даноците за автомобилите. Поскапување ќе има и кај телекомуникациските услуги, како и кај акцизите на тутунските производи и алкохолот.
Атина се надева дека прифатените мерки пред средбата на Еврогрупата ќе помогнат да добие средствата кои потребни за да се плаќаат обврските.

„Грците веќе платија многу, но можеби за прв пат има толку голема можност овие жртви да бидат последни“, рече пред пратениците пред гласањето на мерките премиерот Алексис Ципрас.

Неговата владејачка коалиција, реизбрана во септември со ветување да го примени спасувачкиот финансиски план на вредност 86-милијарди евра, кој тој самиот потпиша во јули 2015 година, има кревко мнозинство од 153 пратеници во 300-члениот парламент.

При гласањето на новите мерки само еден пратеник од коалицијата гласаше против, и тоа само по некои членови во усвоениот закон.

Најчитани вести