Спорт

„Дамат“ нов партнер на македонската фудбалска репрезентација

„Дамат“ нов партнер на македонската фудбалска репрезентација
„Дамат“ нов партнер на македонската фудбалска репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија и реномираната турска компанија за машка конфекција „D`S Damat“ денеска потпишаа договор за меѓусебна соработка.

На денешната промотивна прес-конференција присуствуваа претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, генералниот секретар на федерацијата, Филип Поповски и претставници на „Д’С Дамат“ од Турција предводени од сопственикот на „Орка холдинг“, Сулејман Оракчоглу.

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски изрази задоволство од потпишаниот договор и соработката со новит партнер.

– Во деловниот свет во земјата и пошироко значењето на фудбалот е огромно. Кога разговарате со одредени деловни партнери на крајот секогаш фудбалот е темата која поврзува и на која се создава меѓусебната хемија.Среќни сме што потпишавме договор со реномираниот бренд за конфекција „Д’С Дамат“. За многу брзо време најдовме заеднички јазик и ќе се трудиме заеднички ќе го изградиме патот до успехот. Фудбалот е веќе инкорпориран во деловниот свет, треба и тука да создадеме атмосфера во која ќе се прави простор за соработка бидејќи тоа е вредност на секој спорт, а посебно на фудбалот,истакна Ѓорѓиоски.

ФФМ е нова спортска организација со која „Д’С Дамат“ е партнер, по романски Динамо Букурешт, Спартак Москва и Трабзонспор.

– Нас ни е драго што ќе бидеме дел од соработката со ФФМ. Веќе имаме соработка со спортски клубови како Динамо Букурешт, Спартак Москва, фудбалскиот и хокеарскиот тим, Трабзонспор. Се надевам дека Македонија ќе биде успешна во квалификациите за големите натпреварувања и исто така ќе создаваме правилни вредности,изјави Оракчоглу.