Чибишев до Шилегов: Како се заработуваат милиони евра во време на таканаречен „режим”?

Чибишев до Шилегов: Како се заработуваат милиони евра во време на таканаречен „режим”?
Чибишев до Шилегов: Како се заработуваат милиони евра во време на таканаречен „режим”?
Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на еден своевиден преседан, односно на агрсивното и недолично уфрлање на мојата прес конференцијата од страна на пратеникот и портпарол од редовите на СДСМ, Петре Шилегов кој е сопственикот на овие два стана, на оваа атрактивна локација кои чинат 160.000 евра, истакна пратеникот во Собранието на Република Македонија Андон Чибишев, на денешната прес-конференција која се одржа на булеварот Партизански одреди.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Чибишев.

Самиот чин на агресија, нервоза, избезуменост која што ја покажа г. Шилегов е знак колку е високо нивото на очај во редовите на СДСМ. Впрочем, начинот на кој што постапи г. Шилегов е истиот начин на коишто 25 години наназад делува и функционира СДСМ, а тоа е: лично богатење и бранење на сопствените интереси, скапи автомобили, скап недвижен имот, агресија, нервоза, очај.

Очигледно портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Петре Шилегов искажувајќи го својот очај вчера, се обиде пред македонската јавност да ја испере сопствената одговорност, а воедно да се испере и пред сопственото членство, кое впрочем додека Петре Шилегов во месец јули 2015 година кеширал 160 000 евра за купување на два атрактивни станови, неговите сопартијци спиеја во шатори пред Владата на Република Македонија, за на крај да сфатат со кого си имаат работа.

Петре Шилегов, портпаролот на Зоран Заев и СДСМ заработува милионски имот и во еден ден купува два стана, додека пак Зоран Заев во фирмите на вработените им се делат плати помалку од 150 евра што е под нивото на загарантираната минимална плата во Република Македонија.

Додека Зоран Заев ги тера членовите на СДСМ насилно да протестираат, да палат, да уништуваат јавни добра, да ја напаѓаат полицијата, тој и Петре Шилегов бесрамно се богатат и го зголемуваат сопствениот имот.

Господине Шилегов, одговорете им на граѓаните, како обичен човек како што велите дека сте, може за толку кратко време да се стекне со толкав имот во вредност од неколку стотици илјади евра?

Петре Шилегов може да продолжи да ја лаже јавноста дека е жртва на лошото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, но Петре Шилегов не смее да не и одговори на јавноста како се заработуваат тешки милиони евра во време на таканаречен “режим”? Петре Шилегов мора во јавноста да излезе со детално образложение колку точно има платено данок на овие милиони кои што тој ги заработил?

Повторно граѓаните бараат одговори од Петре Шилегов за прашањата кои ги интересираат, но очигледно дека наместо разум кај Петре Шилегов и СДСМ преовладува очајот и нервозата, бидејќи веќе не можат да го излажат ниту сопственото членство.

Шарените лаги веќе не ви поминуваат. Граѓаните се заморени од дволичните и деструктивни игра на СДСМ.