петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 3

„Курир“: СЈО нема проблем со тоа што нивен истражител е осомничен дека ослободувал криминалци

Иако во јавноста изминатиов период беа објавувани бројни незаконитости во работењето на Примислав Димовски, тој е подобен за Специјалното јавно обвинителство

katica-janeva-sjo

Последни вести

Осомничениот Примислав Димовски, кој незаконски ослободуваше приведени лица вон процедура  и кој беше пријавен дека ги пречекорувал овластувањата при незаконското апсење на Едмонд Темелко, ќе продолжи да работи под заштита на специјалната јaвна обвинителка Катица Јанева.

Иако во јавноста изминатиов период беа објавувани бројни незаконитости во работењето на Примислав Димовски, тој е подобен за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), пишува Курир.

Од таму ниту чуле ниту виделе дека медиумите беа полни со информации околу неговото непрофесионално постапување. Дали сметаат дека на тој начин ќе го заштитат кадарот на СДСМ и близок соработник на Оливер Спасовски засега останува неизвесно.

На прашањата Дали СЈО знае дека против Димовски се водат две кривични постапки, односно каков е нивниот став и дали им пречи за нив да работи лице кое е осомничено за криминал, од СЈО велат дека секое лице се сметало за невино се додека неговата вина не била потврдена со правосилна судска одлука.

-Ова јавно обвинителство во целост постапува согласно законските одредби и во целост ги почитува права на сите лица. Во оваа насока напоменуваме дека пресумпцијата на невиност е гарантирана како со националните, така и со меѓународните инструменти кои Република Македонија ги има ратификувано. Ви појаснуваме дека согласно принципот на пресумпција на невиност, секое лице се смета за невино се додека неговата вина не биде потврдена со правосилна судска одлука. Ве известуваме дека од она што ни е нам познато, за нас не работи лице кое е осудено со правосилна судска одлука, велат од СЈО.

Инаку, за Примислав Димовски јавноста слушна откако Основниот суд скопје 1 потврди дека надвор од процедурите со пречекорување на овластувањата незаконски бил приведуван единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко. Малку подоцна, во јавноста излезе и информацијата дека Димовски лично наредил надвор од законските процедури да се ослободи приведено лице.

Најчитани вести