Протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“

Протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“
Протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ повторно организираше протест во Скопје од каде побара укинување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство.

Учесниците на протестот се собраа пред Специјалното јавно обвинителство изразувајќи поддршка за неговата работа по што се упатија пред Владата на Република Македонија каде ја бојадисаа оградата, а потоа и пред Министерството за правда, каде повторно фрлаа боја врз објектот. Протестот го завршија пред Собранието на Република Македонија.