среда, 4 јануари 2017  |  Вести денес: 45

Европол: Терористите полнат тајни складишта со експлозив за напад

evropol

Последни вести

Терористите полнат тајни складишта со експлозив за напад на Европската унија, а покрај терористите кои се повикуваат на ислам се поголем е и бројот на десните екстремисти поради бегалците, предупредува Европол во својот годишен извештај.

– Терористичките напади и натаму остануваат главна закана за националната безбедност на земјите-членки на ЕУ, изјави шефот на противтерористичкиот центар на Европол Мануел Наварете Паниагуа, претставувајќи го годишниот извештај.

– Сите податоци говорат дека ИД или терористички групи инспирирани од ИД или некоја друга терористичка група повторно ќе извршат напади некаде во Европа, а особено во Франција и тоа со намера да предизвикаат тешки последици и бројни жртви меѓу цивилната популација, наведе тој.

Европол предупреди дека терористичките групи ја промениле својата тактика, дека сега дејствуваат глобално и дека зоните во кои се одвиваат судирите служат како места за обука, подготовка и координирањена нападот.

Европол нагласува дека постои сомневање дека такви кампови за обука на терористите постојат и на Западен Балкан.

– Освен кампови за обука во Сирија, исто така постојат и помали кампови во ЕУ и во балканските држави. Вежбите за преживување им служат на инструкторите од ИД за тестирање на способноста и одлучноста на потенцијалните членови. Спортските активности се користат за тестирање на борбената способност и отпорноста од таквите испитувања, се додава во извештајот.

Најчитани вести