понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 10

Трамп победи на првичните избори кај републиканците во Вашингтон

трамп

Последни вести

Доналд Трамп вчера победи на првичните избори кај републиканците во северозападната американска држава Вашингтон за утврдување на кандидатотот на партијата за ноемврските претседателски избори во САД.

Трамп освои над 76 проценти од обработените 69 отсто од гласачките ливчиња.

Изборите се формалност, бидејќи милијардерот остана единствениот кандидат во републиканската трка. Но, и покрај овој факт, 10,1 проценти од гласачите републиканци го поддржаа Тед Круз, а 9,9 отсто Џон Кејсик,  двајцата претенденти кои се повлекоа од трката.

Според податоците на весникот „Њујорк тајмс“ Трамп ја обезбеди поддршката на најмалку 27 делегати од Вашингтон на конгресот на републиканците во Кливланд, Охајо, што ќе се оддржи од 18 до 21 јули, на кои треба да се официјализира утврдениот претседателски кандидат на партијата. Така тој веќе има 1.196 делегати од неопходното мнозинство од 1.237 за освојување на републиканската номинација.

Во меѓувреме Трамп ја освои и поддршката на поранешниот претендент во внатрешнопартиската трка, Рик Санторим, пренесоа британските медиуми.

Санторим уште во февруари се повлече од борбата за номинација кај републиканците за претседателските избори во САД.

Најчитани вести