Велешанец избегал и во камионот оставил 31 илегалец

На 23 мај во 5.50 часот  од страна на мешовит патролен тим на автопатот помеѓу  селата Прдејци и Смоквица бил забележан камион рено, а при обид да биде извршена контрола, возачот застанал и веднаш се дал во бегство.

При прегледот во возилото пронајдени се 31 мигрант (28 од Пакистан и 3 од Индија) со нелегален влез од Грција во Македонија.