Изградба на експресните патишта во втората половина од 2016

Покрај автопатпт Миладиновци – Штип, Владата истовремено работи и на изградба на автопатите Демир Капија – Смоквица и Кичево -Охрид, како и на реконструкција на автопатските делници Смоквица – Гевгелија и Куманово – Миладиновци.

Премиерот Емил Димитриев, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, изврши увид во градежните активности на патот Миладиновци – Штип, истакна дека за прв пат во земјава паралелно се работи на вкупно 165 километри делници.

– Ова е историски важен момент за државата и за развојот на нејзината економија зашто првпат паралелно се работи на вкупно 165 километри делници, дел се во градба, а дел се реконструираат, што е инвестиција вредна 800 милиони евра. Ангажирани се околу 2.500 луѓе и тоа е сериозен поттик за македонското градежништво, како и за останатите поврзани стопански гранки, подвлече премиерот Емил Димитриев кој денес заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски изврши увид во градежните работи на автопатот Миладиновци-Штип.

И Мисајловски потенцира дека првпат во историјата на Македонија се градат три автопати.

– Динамиката се одвива според планираното. Можно е да се случат и некои непредвидени работи, но цврсто сум убеден и верувам дека следната година ќе имаме нов, модерен автопат што македонските граѓани го заслужуваат, нагласи Мисајловски.

Тој најави дека во втората половина од годинава ќе почне и изградбата на експресните патишта Штип – Кочани, Кочани – Делчево, Штип – Радовиш и Крива Паланка – Ранковце, инвестиција вредна 300 милиони евра. Почнат е, додаде, уште еден проект, реконструкција на патниот правец Кочани – Делчево, вреден 6,6 милиони евра.

– Максимално сме фокусирани на сите овие проекти. Очекувам веднаш по завршувањето на целата документација и останатите пропратни активности, следната година да почнеме и со конкретните работи на терен, посочи министерот.

Владата, истакна Мисајловски, и натаму останува посветена на изградба на инфраструктурата поради што, како што рече, освен на трите автопати и предвидените два нови проекта, паралелно работи на уште регионални патишта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.