Нема пријава во полиција за безбедносен ризик во ЕУ инфо центарот

Во полициската станица Центар нема пријава од ЕУ инфо центарот за безбедносна закана или ризик, информираат од СВР Скопје за Курир.

Оттаму додаваат доколку пријава има на повисоко ниво, не се во можност за истото да извршат проверка, пишува Курир.

Имено, утринава беше откажана средбата која требаше да се одржи меѓу граѓанските и невладините организации со претставници од ЕУ.

И покрај обидот на ЕУ да направи дијалог меѓу НВО, на само еден час пред почетокот, средбата беше откажана. Најголем број од невладините најавија дека нема да присуствуваат на истата, поради присуството на претставникот на Граѓанското движење на одбрана на Македонија, Александар Пандов.

– Вратите на ЕУ остануваат отворени за граѓанскиот сектор, некои ја прифатија нашата покана некои не, но за жал средбата сме принудени да ја откажеме од безбедносни причини, објаснија од Делегацијата на ЕУ без попрецизно да кажат каков безбедносен ризик постои.

Од ЕУ инфо центарот не одговарале на повиците на новинарите на Курир за да објаснат и прецизираат за каков безбедносен ризик станува збор.