Пандов: Луѓе кои имаат полни усти со „демократија“ и „слобода на говор“, немаат ништо демократско во нив

Пандов: Луѓе кои имаат полни усти со „демократија“ и „слобода на говор“, немаат ништо демократско во нив
Пандов: Луѓе кои имаат полни усти со „демократија“ и „слобода на говор“, немаат ништо демократско во нив
И покрај обидот на ЕУ да направи дијалог меѓу невладините граѓански организации, на само еден час пред почетокот, средбата беше откажана.

Најголем број од невладините најавија дека нема да присуствуваат на истата, а освен оваа причина, се наведува и дека средбата е откажана и поради безбедносни причини.

-Луѓе кои имаат полни усти со зборови како што се „демократија“ и „слобода на говор“, а длабоко сум уверен дека нема ништо демократско во нив, немаат демократски капацитет, ниту аргументи кои што би можеле да спротивстават со аргументите кои ги имам и јас како претставник на ГДОМ, и политиките што ги застапувам, вели Александар Пандов, претставник на ГДОМ кој бил поканет на средбата на невладините граѓански организации и истата ја прифатил.

Според него, другите невладини граѓаните организации очигледно не се залагаат за она за кое говорат.

-Тие се луѓе со диктаторски уверувања, веруваат дека нивното мислење треба да е последно. Месец дена траеа нивните протести, а од друга страна и собирите на ГДОМ. Само собирот во Скопје беше поголем од сите нивни протести. Масовноста на нашите собири секогаш беше помасовна, па и од таму веројатно тргнале и претставниците на ЕУ и сметале дека потребно е да викнат претставник и од ГДОМ, изјави Пандов.

Тој додава дека само со разговор ќе се дојде до решение на оваа политичка криза, а не со сила и боење на институциите или со рушење на институции на систем.