сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Фицо: Словачка не е соодветно место за муслиманите

Фицо досега во неколку наврати изјавуваше дека нема да дозволи муслиманите да создадат „компактна заедница“ во Словачка, како и дека смета оти е невзоможно интегрирање на бегалците од Блискиот Исток во словачкото општество.

Фицо: Словачка не е соодветно место за муслиманите

Фицо: Словачка не е соодветно место за муслиманите

Последни вести

Словачка не е соодветно место за населување на муслимани, затоа што тие би можеле да ги променат нејзините вековни традиции, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

Во интервју за словачката агенција ТАСР, чии делови денеска пренесуваат медиумите во Братислава, Фицо вели дека не би сакал во Словачка да живеат десетици илјади муслимани.

Фицо досега во неколку наврати изјавуваше дека нема да дозволи муслиманите да создадат „компактна заедница“ во Словачка, како и дека смета оти е невзоможно интегрирање на бегалците од Блискиот Исток во словачкото општество.  

Словачка е еден од најжестоките противници на планот на Европската комисија за прераспределба на мигрантите меѓу земјите членки на ЕУ според утврдени квоти и поднесе тужба против ваквата иницијатива пред Европскиот суд.

Најчитани вести