Цената на барел Брент надмина 50 долари прв пат од ноември на берзите во Азија

Цената на барел Брент надмина 50 долари прв пат од ноември на берзите во Азија

Цената на барел нафта од марката Брент го надмина денеска симболично прагот од 50 долари првпат од 4 ноември под влијание на информациите за намалување на американските резерви.

Цената на барел Брент изутрината за доставка за јули се зголеми за 27 центи на 50,01 долар на електронските берзи во Азија.

Цената на нафтата почна да расте по драстичкиот пад во февруари, кој беше најголемиот во изминатите 13 години, до помалку од 30 долари за барел, што се должеше на високата понуда.

Сепак цената на нафтата е далеку пониска во споредба со јуни 2014 година, кога барел нафта чинеше сто долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.