Опожарена пекара и автомобил во Гостивар

Опожарена пекара и автомобил во Гостивар
Опожарена пекара и автомобил во Гостивар
Вчеравечер околу 19:30 часот пријавен е пожар во подрумски-простории на објект (пекара), под маркетот „Кета“, лоциран на улица „Иво Лола Рибар“ во Гостивар, сопственост на 39-годишниот Б.Ј. од Чајле.

Опожарена е пекарска опрема, работен инвентар, кој се користел во секојдневната работа,а вкупната материјална штета на опожареното и оштетеното, според сопственикот, се проценува на околу 15 илјади евра.

Извршен е комплетен увид, фотодокументирани се оштетувањата, подигнати се траги за вештачење и се работи на расветлување на причините и сите други поединости поврзани со овој пожар.

На магистралниот пат Гостивар-Кичево, поточно во близина на Здуњската крстосница, денеска предпладне било запрено патничко возило „Голф“ со охридски таблици, управувано од 25-годишниот кичевец Х.Т, кое се движело кон Кичево.

1pozar-gostivar

Набрзо по запирањето на возилото од полициските службеници, пламнал оган во десниот долен дел од моторот, кој брзо се проширил.

Повикана е противпожарната служба од Гостивар, која интервенирала, но возилото речиси целосно изгорело.

Нема повредени, а вкупната материјална штета се проценува на 5000 евра.  Извршен е увид и се утврдува причината за опожарувањето и се друго.