сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 0

Без струја утре повеќе делови на Скопје

без струја

Последни вести

Без електрична енергија утре од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Ганчо Хаџипанзов“ во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-мрежата.

Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Волково на улиците 5 и 7 во општина Ѓорче Петров.

Без електрична енергија од 9:30 до 15:00 часот ќе останат корисниците од улиците „Дринска“, „Вашингтонска“, „Нов Живот“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари, а од 11:00 до 15:00 часот и корисниците од улиците 487, 488 и „Славка Недиќ“ во општина Центар

Најчитани вести