Пожар во Виница

Во подрумските простории во семејната куќа на Д.Ц. и Н.Ц. во Виница вчера околу 14:30 часот настанал пожар при што целосно изгорел мебелот и разновиден алат.

Увид на местото извршила увидна екипа од полициската станица Виница, при што е констатирано дека околу 10.00 часот Д.Ц. бил во една од подрумските простории каде работел со алат за лемење.

Откако завршил, лемилицата ја исклучил од струја и ја оставил на стиропор кој се наоѓал на работната маса, по што настанал пожар кој ја зафатил целата просторија.

Пожарот е локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица Виница.