Пациентот кој го предизвика инцидентот на Клиниката за радиологија немал закажан преглед

ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија – Скопје соопшти дека И.И. кoj вчера го предизвика инцидентот во таа јавна здравствена установа, тој ден немало закажан преглед во Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“.

Пациентот, стои во соопштението, веќе бил снимен во клиниката, а вчера требало да се изврши дополнително снимање на барање на докторот, поради уточнување на дијагнозата.

Од Клиниката информираат дека додека чекал пациентот да биде извршено доснимување во тој период се вршеле прегледи на веќе закажани пациенти.

Во истиот момент доаѓал болничар од шок соба за закажување на итен болнички пациент, па лицето И.И. мислел дека ќе биде внесен дополнителен пациент по што насилно се нафрлил врз болничарот, а технологот се обидел да ги оддели, при што и тој бил нападнат. На тоа реагирало клиничкото обезбедување, а потоа и полицијата, стои во соопштението од Клиниката за радиологија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.