Производи неопходни за женското здравје

Темна чоколада

Овој десерт е богат со антиоксиданси и посебно им се препорачува на жените. Таа е одличен начин за да го држите под контрола апетитот, а има и доста хранливи материи. Флавоноидите што се наоѓаат во темната чоколада го чуваат здравјето на артериите и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Серотонинот во чоколадата го подобрува расположението, а доста се здрави и другите состојки од овој десерт – магнезиум, манган, бакар, цинк и фосфор.

Бадеми

Овој продукт содржи голем број хранливи материи – протеини, добри масти, калциум, фосфор, цинк, бакар, селен, фолна киселина, витамини Е и А. Бадемите може да го намалат лошото ниво на холестерол, го подобрува сонот, делува превентивно на срцевите заболувања и на канцерот. Покрај тоа, бадемите може да ви помогнат да ослабите.

Авокадо

Ова е еден од најдобрите производи против стареење за жените. Авокадото содржи добри масти, антиоксиданси и фитонутриенти што делуваат поволно врз мозокот ги спречуваат брчките и ја прават кожата поздрава.

Маслиново масло

Маслиновото масло делува превентивно на ракот на дебелото црево, дојка и кожа. Покрај корисните фенолни антиоксиданси, содржи и бифеноли што го спречуваат и го намалуваат крвниот притисок и ги спречуваат срцевите заболувања. Покрај тоа, маслиновото масло има силни антивоспалителни дејства и може да ги намали тегобите настанати како последица на хроничните заболувања.