Сите мислат дека се студени како мраз, но тие се најнежниот знак во Зодијакот

Сите мислат дека  тие се студени како мраз, но тие се најнежниот знак во Зодијакот. Доколку покрај себе имате некој што е припадник на овој хороскопски знак тогаш мора да ги знаете овие 10 негови карактеристики за кои со никого не разговара.

Можеби раковите се молчеливи и не пуштаат никого во сопствениот свет, можеби скорпиите се таинствени, но никој неможе да се мери со овој критички настроен организиран префекционист, кој проектира една слика нанадвор, а друга внатре.

Затоа без разлика дали девицата ви е пријател, партнер или член во семсјството, добро е да ги знаете овие 10 работи:

  1. Девиците се многу чувствителни. Бидете внимателни затоа што тие знаат дека се чувствителни па даваат се од себе си за да ги контролираат сопствените емоции. Толку многу ги потиснуваат што ќе дознаете што им пречи, дури откако ќе „пукнат“. Мошне е важно на девиците да им пружате чувство на сигурност за да можат сигурно да говорат за сопствените емоции. Ним им е важно да ги сослушате. Но, бидете подготвени на следната експлозија, затоа што тие секогаш ги потиснуваат чувствата.
  2. Кажи што мислиш, мисли што говориш. Девиците не поднесуваат ментални игри и не сакаат претпоставки. Ако мораат да се пробиваат за да дознаат што мислите и што чувствувате, не само што тоа ќе го сметаат за потполно губење време, туку ќе ве сметаат и за незрела личност. Но, ова мора да го знаете – бидете искрени, а вистината соопштете ја внимателно.
  3. Ред, работа и уште малку ред. Синтагмата „креативен неред“ за девицата звучи како „нежно измачување“. Не морате ниту да се обидувате да живеете според нивните стандарди за ред (и на самите девици тоа им е тешко), но, барем обидете се и покажете намера дека барем очигледните нешта можете да ги доведете во ред.
  4. Разгалете ја девицата (затоа што таа нема да го направи тоа). Речиси и да не постои друг хороскопски знак што толку многу им дава на другите, а толку малку се грижи за себе си. Ако и помислите дека вам ви наметнува невозможни стандарди, верувајте дека кон себе си е 300 пати полоша. Затоа е важно колку можете повеќе да ја разгалите и да бидете добри кон неа. Девицата тоа никогаш нема да го злоупотреби.
  5. Не ја потценувајте нејзината интуиција… И затоа секогаш говорете ја вистината и бидете искрена. Не само што можат да „намирисаат“ кога некој ги лаже на километар, туку искреноста ја ценат повеќе и од редот. Добрата страна е тоа што интуитивната девица сама ќе ја започне тешката тема ако смета дека вам ви е незгодно. Лошата страна е што од нив неможете ништо да скриете, па дури и ако тоа го правите за нивно добро.
  6. Немојте да ги земате здраво за готово. Нивната лојалност нема граници. Тие ќе останат со пријателите или партнерот без обѕир на се друго. Но, ако смета дека е во еднострана врска (пријателска или љубовна) ќе ја прекине. Тогаш веќе ќе биде доцна, затоа што пред да направи некој толку радикален чекор, девицата не само што ви дала втора шанса, туку уште пет други.
  7. Навикнете се дека се работохоличари. Тие се доста педантни на работното место, но и во нивните хобија. Изразено се горди на нивната педантност и не трпат луѓе што немарно и безволно ја завршуваат работата. Затоа потрудете се за врската и девицата тројно ќе ви врати. И да, навикнете се дека прво доаѓа работата, а потоа забавата.
  8. Сакаат да дишат. Тие се исклучително друштвени и дакаат да бидат со луѓе, но истовремено се страшно самостојни. Потребно е да најдете рамнотежа – времето што го поминувате со нив, и време во кое се сами.
  9. Бидете нејзин најголем обожавател. Ако мислите дека е критична кон другите, не сакате ниту да претпоставите какви критериуми си наметнува самата себе си. Затоа им е потребна поддршка и некој што им повторува дека треба се фокусираат на сопствените добри страни и постигнувања.
  10. Девиците дефинитивно не се девици. Името на нивниот знак нека не ве залажува – девиците се мошне страствени. На почетокот можеби ќе бидат малку срамежливи, но еднаш кога ќе се почувствуваат сигурни во вашата прегратка, ќе останете вчудоневидени. Како што рековме, девиците се даваат 100 отсто, а тоа значи и во креветот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.