среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

ОМД: Вандализмот на Заев и Шекеринска е повик за анархија и хаос во земјава

Овој акт, како што се наведува во соопштението од ОМД, јасно го одразува чувството и капацитетот на државничко и одговорно однесување на политичките лидери од кои се очекува квалитетна алтернативна идеја и визија за излез од кризата.

ОМД: Вандализмот на Заев и Шекеринска е повик за анархија и хаос во земјава

ОМД: Вандализмот на Заев и Шекеринска е повик за анархија и хаос во земјава

Поврзани вести

Фрлањето боја врз државна институција од страна на претседателот на СДСМ Зоран Заев и на потпретседателката Радмила Шекеринска, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го квалификува како „тотално деструктивен обид за воведување на и така длабоката политичка криза, во уште посериозен хаос“.

Овој акт, како што се наведува во соопштението од ОМД, јасно го одразува чувството и капацитетот на државничко и одговорно однесување на политичките лидери од кои се очекува квалитетна алтернативна идеја и визија за излез од кризата.

– ОМД категорично го осудува вчерашниот акт на вандализам на Заев и Шекеринска како силна провокација и повик за анархија и хаос со намера за дестабилизација на земјата, стои во соопштението. Организацијата бара Заев и Шекеринска јавно да се произнесат каков пример на политичко делување оставаат на младите генерации и останатите, и зошто мислат дека доколку тие дојдат на власт истото нема и на нив да им се случи и прашува каде води сето ова.

ОМД посочува дека во сите демократски држави во кои твори и работи, од претседател и потпретседал на опозициските партиии и од премиерот и претседателот на држава се очекува да демонстрираат највисок степен на однесување, одговорност и компромиси, чувство за државност и патриотизам, како и презентирање на квалитетна идеја и понуда за решение за излез од агонијата.

– Ваквиот обоен акт на политичко делување е всушност акт со кој си ја закопуваат политичката иднина, кариера и делување и тоа чесниот гласач на кого пред се му е државата и народот па после партијата и личниот интерес, најостро ќе го казни со својот глас, гласот кој е пресуден наспроти партиските гласачки машинерии. Понижувањето на институциите е всушност понижување на самиот себеси, своите членови и симпатизери и пред се својот народ, се наведува во соопштението од ОМД.

Ги повика Заев и Шекеринска на одговорно, морално и државничко однесување во овие историски моменти за македонската држава, а својот револт, фрустрација и нервоза да го претопат во квалитетен политички предлог и идеја или, пак, во спротивно да му одстапат место на младиот политички потенцијал во партијата.

ОМД, се наведува, цврсто подржува, охрабрува и стои во одбрана на демократските вредности вклучувајќи го и правото на јавно искажан мирен револт, на почитување на правото на Уставот и законите во државата, ја чувствува потребата за неодложна разрешница на политичката криза и го охрабрува македонскиот народ со посебен осврт кон младината и интелектуалците за јавно изразување на подршка и осуда на политичките активности во Македонија како би ја вратиле државата на патот на прогресот, почитта и демократијата.

Најчитани вести