четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Со бркањето на искусни новинари се влошува слободата на медиумите

Последните случувањата во Телма се смислена стратегија на менаџментот да ја исчисти информативната редакција од искусни и критички новинари, реагираат од ЗНМ.

Со бркањето на искусни новинари се влошува слободата на медиумите

Со бркањето на искусни новинари се влошува слободата на медиумите

Последни вести

Здружението на новинарите на Македонија изразува загриженост за последните случувања во Телевизија Телма. Бркањето на 12 искусни и познати новинари претставува сериозно кршење на социјалните права на новинарите и понатамошно влошување на состојбата со слободата на медиумите.

Тврдењата на менаџментот на телевезијата дека укинувањето на работни места се прави поради лошата економска состојба на компанијата се неуверливи. Компанија која има проблем со загуби и превработеност не вработува нови новинари, а потоа ги отпушта оние кои претходно по десетина години работеле таму.

Дополнително, нејасно е кои биле критериуми по кои се водел менаџментот кога ги укинувал работните места. Уценувањето на новинарите да прифатат намалување на платите ако сакаат да останат на работа е мобинг, кој се казнува со закон.

Поради тоа сметаме дека последните случувањата во Телма се смислена стратегија на менаџментот да ја исчисти информативната редакција од искусни и критички новинари.

Слично чистење на информативните редакции претходно имаше и во други електронски и печатени медиуми откако беше променета нивната сопственичката структура и менаџмент. Намерата на опствениците на медиумите и на новите уредништва, е да ги обезличат и да ги онеспособат медиумите да ги истражуваат сериозно злоупотребите на власта.

Убедени сме дека бркањето од работа на искусни и професионални новинари ќе ја осиромашува медиумската содржина и медиумскиот плурализам. Затоа, го повикуваме менаџментот на Телма да се откаже од намерата за бркање или намалување на плати на новинари и да бара други решенија за евентуалните проблеми на компанијата.

Најчитани вести