-За време на средбата Попоски и Белели ги оценија билатералните релации како одраз на взаемна почит и пријателство. Соговорниците констатираа дека односите меѓу Македонија и Италија бележат континуиран развој изминативе две децении,пред се во сферата на одбраната, внатрешните работи, културата, здравството, образованието и регионалната соработка, соопштуваат од МНР.
На средбата се разгледаа и можностите за продлабочување на економските односи, особено во рамки на Берлинскиот процес, како и во поглед на поддршка за развој на инфраструктурата по Коридорот 8 кој ги поврзува Бугарија, Македонија, Албанија и Италија.