Средба Путин-Ципрас во Атина

Грчкиот премиер Алексис Ципрас попладнево има средба со рускиот претседател Владимир Путин, кој претходно се сретна и со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос.

Како што јави дописникот на МИА, Путин од претседателската палата до седиштето на премиерот одеше пеш, придружуван од министрите за надворешни работи на Грција и Русија и руската делегација.

Посакувајќи му добредојде, Ципрас го потврди високото ниво на грчко-руските односи. Тој истакна дека „зајакнувањето на односите со Русија претставува стратешки избор“.

Путин, пак, рече дека, генерално, има многу проблеми и околностите се тешки, но постојат изгледи.

По првичните изјави, двајцата лидери заминаа на затворена средба, а потоа треба да им се приклучат и делегациите на двете земји.