вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 58

Орце Камчев е најбогатиот Македонец според Форбс (ФОТО)

orce_kamcev_-_01-640x426

Поврзани вести

Бизнисменот Орце Камчев е прогласен за најбогатиот Македонец според реномираниот магазин ФОРБС.Во текстот во хрватското издание на ФОРБС, со пофални зборови се говори за Камчев како за еден од најспособните македонски бизнисмени кои успеал од првото место да го симне досега неприкосновениот Минчо Јорданов, пренесува Телеграф.мк.

Македонскиот бизнисмен Јордан Камчев сопственик на фирмата Орка Холдинг за кратко време го освои деловниот свет на Македонија.Неколку ризични, но во вистински момент вложувања во здравствениот сектор и во земјоделството, превземањето на повеќе помали фирми, добрите односи со вистинските луѓе во претприемништвото и во политиката и долгорочните визии и стратешко планирање му го обезбедија првото место на листата на најбогатите Македонци, пишува ФОРБС.

Според магазинот, 46 годишниот Камчев е еден од најмладите на листата на најбогатите но и еден од ретките кој го зголемил минатата година. ФОРБС тврди дека тој само во неколку фирми има акции од 22.8 милиони евра.

Sistina-pressskonf-2-640x469

За разлика од него, за останатите годината беше тешка и турбулентна. Можеби растот на неговиот капитал за повеќе од три милиони евра не е многу во светот на мултимилионерите но останатите на оваа листа ја немаа таа среќа.Иако доаѓа  од богата фамилија неговиот рискантен начин на работење му овозможи ширење на семејното богатствo, пишува ФОРБС.

tabela-640x202

Понатаму во текстот се наведува дека Орка Холдинг е вклучена во различни сегменти на македонското и регионалното стопанство во неколку сектори како здравство, земјоделство, прехрамбена индустрија, медиуми, текстил.

Денеска Орка Холдинг има 3.700 вработени. Преку Орка Холдинг тој е сопственик или косопственик на најголемата болница во Македонија „Аџибаден Систина“ на Стопанска Банка- Битола, на најголемиот земјоделски комбинат ЗИК Пелагонија, на градежната фирма Бетон Штип, хотелот Ибис, на медиумската куќа МПМ и десетина други фирми, наведува ФОРБС.

forbes_makedonija-640x351

Според Форбс неговата златна кокошка е здравствениот сектор и уделот во овој сектор е 6,5 милиони евра и тоа во Аџибадем Систина, Систина Нефрополус, Систина Лајф Кер и Систина Фармација.

Најчитани вести