Македонија

Охрид успешно претставен на третиот глобален состанок на градовите со езера

Охрид успешно претставен на третиот глобален состанок на градовите со езера

Во рамки на работниот престој во Италија,градоначалникот на Охрид,  Никола  Бакрачески  имаше успешно  учество на Третиот глобален состанок на официјалните делегации на Европската мрежа на езера што се одржува во градот Исео.

ohrid-italija-4

На  состанокот  се направи ретроспектива на досегашната соработка, се презентираа  проектите,  „LAKtive tourism“  и „СУ Спорт од Ерасмус“   како  и   Програмата и проектот „Дијалализа за време на одмор“.

ohrid-italija-3

Општина Охрид имаше своја презентација  со свои сугестии и идеи за унапредување на европската соработка, како и подобра реализација на започнатите активности и проекти.  На состанокот на официјалните делегации на европската мрежа на езера беа посочени можностите за идна  партнерска соработка (европски проекти и иницијативи).

ohrid-italija-2

Потоа следеше  Работна средба(сесија) на  проектните партнери од  проектот LAKtive tourism со претставници од Италија,Словенија,Шпанија, Ирска и Македонија- Оштина Охрид.

По завршувањето на работните средби, започна Церемонијата на свеченото отворање на Седмото Издание на Фестивалот на езерата во Исео, Италија.