Викендов во Скопје 32 сообраќајки

Сообраќајната полиција на 27 мај, петок, изврши увид на 18 сообраќајни незгоди. Од нив, 11 се со последица материјална штета, а во седум со полесни повреди се здобиле седум лица

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, на 28 мај, сабота, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета, а во четири со полесни повреди се здобиле четири лица. Случена е и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а возачот на патничкото моторно возило поминал со полесни повреди.

Вчера, 29 мај, извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле две лица.