петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Украински војници убиени при напад на сепаратистите кај Доњецк

ukraina

Последни вести

Петмина војници на Армијата на Украина загинале денеска во престрелка северно од градот Доњецк, соопштија денеска украинските власти.

Како што јави Би-Би-Си, ова е најголем дневен биланс на жртви годинава.

Проруските сепаратисти убиле четворица војници од заседа кај месноста Веркнеторецкоје, близу градот Авдивка. Петиот војник загинал откако со возилото наишол на нагазна мина.

Украинскиот армиски портпарол Олександр Мотузјаник го потврди бројот на жртвите. Тој вели и дека претходно денеска имало провокации од сепаратстите кон армиските трупи.

Истиот извор тврди дека биле убиени и двајца сепаратисти.

Претставникот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Едуард  Басурин соопшти дека двајцата сепаратиситчки борци загинале при гранатирање од страна на украинските сили.

Тој исто така, додаде дека вчера сепаратистите одбиле еден напад на украинската војска која се обидувала да продре меѓу градовите Авдивка и Јасинувата.

Најчитани вести