петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Се откочија проектите – ќе се отворат нови три домови за стари лица

спасов1

Последни вести

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска истакна дека Владата ги донела одлуките за издавање одобренија за основање на три приватни домови за стари лица, постапка која три ипол месеци беше опструирана од страна на техничката министерка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски.

-Доделени се одлуките на Владата за одобрување на основање на приватен дом за стари лица. Овие постапки беа закочени повеќе од три ипол месеци, а веднаш по повторното враќање на чело на Министертвото за труд и социјална политика, интервениравме, ги лоциравме предметите и експресно на првата седница Владата ги донесе одлуките за издавање дозвола за основање на три приватни домови за стари лица, рече Спасов.

spasov

Тој додаде дека станува збор за тројца инвеститори кои имаат инвестирано одредени средства, а кои претрпеле одредена штета бидејќи чекале поради кочењето од страна на техничката минитерка Ременски.

спасов2

Спасов потенцира дека меѓу другото, овие институции ќе донесат и отворање на нови работни позиции.

-Хаосот запира, постапките се откочени. Овие институции набрзо ќе почнат да функционираат. Ќе бидат овозможени 120 легла, а воедно ќе бидат отворени и минимум нови 40 работни места, подвлече Спасов.

 

Најчитани вести