Поради дефект на „лирџетот“ Иванов се враќа од Сараево со комерцијален лет

Поради дефект на „лирџетот“ Иванов се враќа од Сараево со комерцијален лет
Поради дефект на „лирџетот“ Иванов се враќа од Сараево со комерцијален лет

Владиниот авион „лирџет“ со кој претседателот Ѓорге Иванов отпатува во Сараево на лидерскиот состанок на „Брдо-Бриони процесот“ поради технички проблеми констатирани при редовната контрола ќе остане во БиХ, а претседателот со комерцијален лет ќе се врати во Скопје.

– Денеска требаше да се обави лет од Сараево за Скопје во 10 часот. Летот не е обавен поради тоа што при редовна функционална проверка на системите на авионот, увиден е дефект на еден од инверторите кој ја претвора струјата од 24 во 115 волти, изјави за МИА директорот на владината Служба за општи и заеднички работи Васе Доневски, во чија надлежност е одржувањето на авионот.

Доневски вели дека е стапено е во контакт со овластениот сервис во Нирнберг со цел авионот утре да се упати таму за да се острани дефектот, со претходно одобрение на фирмата производител „Бомбардие“ од каде е набавен и на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на РМ.

Од кабинетот на претседателот Иванов велат дека тој со комерцијален лет од Сараево преку Истанбул денеска се враќа во Скопје. Според предвидената агенда, шефот на државата утре треба да замине во посета на Софија.