петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Затуроска: За Заев, аболицијата од Црвенковски била уставна, а на Иванов не (ВИДЕО)

Овие две аболиции се носени во согласност со Уставот на Република Македонија и тогаш и сега, или можеби вашиот државник Црвенковски во брзање да го аболицира Заев не зел Устав од друга држава?, заврши Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Затуроска: За Заев, аболицијата од Црвенковски била уставна, а на Иванов не

Затуроска: За Заев, аболицијата од Црвенковски била уставна, а на Иванов не

Поврзани вести

По повод денешната расправа во Собранието на Република Македонија каде на дневен ред е точката за основање на Комисија за оценување на основаноста за покренување на постапка против претседателот Ѓорѓе Иванов, со своја реплика се обрати и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска.

Во своето излагање таа направи интересна споредба во врска со аболицијата која што во 2008 година ја изрече Бранко Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра во кој вмешан беше сегашниот лидер на СДСМ Зоран Заев и аболицијата која што ја изрече претседателот Иванов во еден тежок период за нашата држава.

-Почитувана колешке, верувам дека ќе се сложите со мене дека имаме една интересна ситуација каде имаме за споредување две аболиции кои што се изречени од двајца претседатели на Република Македонија кои што се произлезени од две крајно различни ситуации. Затоа сметам дека е многу важно пред граѓаните да ја разгледаме ситуацијата односно мотивот за нивното изрекување. Првата аболиција која што е изречена од вашиот државник Бранко Црвенковски на 3-ти август 2008 година, во период кога немаше ниту политички монтирана криза од СДСМ ниту пак мигрантска криза која што демне врз безбедноста на државата, Црвенковски го аболицираше вашиот лидер Зоран Заев за криминал тежок 8 милиони евра. Знаете тогаш која беше изјавата на вашиот сегашен лидер Зоран Заев? Еве ја. Аболицијата, кажува вашиот Заев, дадена од Црвенковски нема да ја коментирам во јавноста, тоа било негово уставно и законско право. Почитувана колешке, ова е изјавата на тогашниот и сегашниот аболициран Заев, потенцираше Затуроска.

-Втората аболиција која што е изречена од претседателот Иванов е донесена во еден исклучително тежок период низ кој што поминува нашата држава. Но за разлика од вашиот државник Црвенковски, претседателот Иванов дава објаснување пред јавноста зошто ја носи оваа одлука, додека Црвенковски не дава никакво образложение за аболицијата тешка 8 милиони евра поврзана со Зоран Заев. И сега имаме две аболиции, за споредување, првата од Црвенковски тешка 8 милиони евра и нема објаснување и  втората од претседателот Иванов која што се носи во исклучително тежок период и има објаснување, додаде Затуроска.

На крајот од своете излагање пратеничката Затуроска и се обрати на Дескоска од СДСМ потенцирајќи и го фактот дека и двете аболиции се донесени во согласност на Уставот, но тогаш од СДСМ изостанало било каква реакција или осуда, очигледно како што рече таа, бидејќи станувало збор за Зоран Заев.

-На крај, вас како правник ве прашувам. Овие две аболиции се носени во согласност со Уставот на Република Македонија и тогаш и сега, или можеби вашиот државник Црвенковски во брзање да го аболицира Заев не зел Устав од друга држава?, заврши Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести