Рангелова: Од платите на пратениците кои фарбаа да се чисти фасадата на Собранието (ВИДЕО)

Рангелова: Од платите на пратениците кои фарбаа да се чисти фасадата на Собранието
Рангелова: Од платите на пратениците кои фарбаа да се чисти фасадата на Собранието
Пратеничката Даниела Рангелова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес обраќајќи се од собраниската говорница кон пратеникот од НСДП Горан Мисовски, побара да одговори како тоа зборува за криминални избори кога неговата партија беше дел од Владата која што доби мандат на едни од тие избори.

Рангелова во продолжение додаде дека според неа опозицијата е хулиганско здружение и дека токму од платите на пратениците кои што фрлаат со боја кон Собранието треба да се исчисти фасадата на законодавниот дом.

-Цело време викате дека ние сме биле не знам некакво злосторничко здружување. Вие што сте? Хулиганско здружување? Сте ја поддржувале шарената револуција. Јас ако се прашувам на вас пратениците кои што фарбате ќе ви ги одземам сите плати за да се исчисти Собранието, а не да се чисти Собранието со народните пари. Кај зимавте годинаипол незаслужена плата сега да ги дадете парите да се исчисти фасадата на Собранието на Република Македонија. Викате сме плачеле и дека сме го изгубиле тлото под нозете. Знаете ли што е разликата? Вие колеги пратеници од опозицијата никогаш не го имавте тлото под нозете, вие 10 години лебдите во воздух, заклучи пратеничката.