Сончево и топло време, со температура до 32 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува умерен ветер од западен правец кој кон крајот на денот ќе го смени правецот во северозападен.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 25 до 32 степена.

Во Скопје, слично време, со утринска температура до 14 и со дневна до 29 степени.

Во среда кон крајот на денот ќе има наоблачување со локален дожд во северните денови.

Од четврток следува период на понестабилно време со постепено благо опаѓање на температурата.

Во претпладневните часови ќе биде сончево, а попладне ќе има појава на локален дожд и грмежи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.