Како да ја победите несигурноста при орален секс?

Како да ја победите несигурноста при орален секс?
Како да ја победите несигурноста при орален секс?

Кога се зборува за секс, фокусот е секогаш на половиот однос, но што е со сѐ останато? Сексуалниот однос претставува сѐ од сензуалниот допир, милување на телото и најважното: орална стимулација.

Оралната стимулација вклучува бакнување, лижење и орално милување на ерогените зони на телото, како брадавиците и гениталиите. Оралниот секс е добар за жените од повеќе аспекти – најпрво, тоа е одлична предигра, ја зголемува циркулацијата во гениталиите, стимулира и релаксира. Воедно, помага во тоа жените да станат свесни за тоа што точно ги возбудува и како сакаат да бидат задоволени од страна за своите партнери. За жал, многу жени имаат сомнежи кога станува збор за оралниот секс и се чувствуваат несигурни. Погледнете кои се најчестите причини за оваа несигурност и како да ги надминете.

Мирис

Понекогаш жените се плашат дека нивниот природен мирис ќе му биде непријатен на партнерот. Вашиот природен мирис содржи феромони, кои го привлекуваат партнерот уште повеќе. Сѐ додека одржувате редовна хигиена, вашиот мирис ќе биде здрав и вкусен. Нема потреба да претерувате со миење на гениталиите, бидејќи постои ризик да го нарушите природниот pH баланс и да предизвикате инфекција. Не се обидувајте да го скриете вашиот природен мирис со парфимирани козметички производи, бидејќи така можете да предизвикате иритација. Сакајте го својот природен мирис, опуштете се и уживајте. Вашиот партнер ќе го цени тоа.

Недостаток на самодоверба

Како се чувствуваме во врска со нашето тело може многу да влијае на тоа како ќе се однесуваме во кревет. Самодовербата и љубопитноста се многу важен дел од сексот; затоа треба да ви биде удобно во сопственото тело и да сакате да учите и пробувате нови нешта.

Некои жени не уживаат во оралниот секс поради тоа што нивните партнери немаат особени вештини во тоа. Ова најмногу се однесува на идеалниот притисок, брзината или начинот на движење во близина на клиторисот и вулвата.

Затоа, комуникацијата е најбитна, а егото не треба да постои кога станува збор за секс. Сексуалната самодоверба доаѓа со удобноста која ќе си ја пружите и комуникацијата со партнерот. Не се плашете да кажете што ви се допаѓа, а што не. Секако, не заборавајте ни да прашате. Добриот секс не се случува туку така, а добриот орален секс бара знаење, техника и вежбање.

Срам од гениталиите

Кога последен пат сте ги виделе своите гениталии? Како мали сигурно ве учеле да не ги допирате, да не ги гледате и да не зборувате за нив. Овој однос на нашите родители резултира со генитален срам. Запознајте ги своите гениталии и нивниот облик. Женските гениталии ги има во сите облици и форми, а се разликуваат една од друга во однос на големината и бојата. Не постои „нормална“ величина. Сакајте ги вашите гениталии и вашиот партнер ќе ги сака подеднакво.

Недоверба

Да му дозволите на партнерот да го истражува овој деликатен регион вклучува преминување на психолошките граници кои можеби сте си ги поставувале целиот живот. Нашите тела се интимни и свети. Негативните искуства можат да предизвикаат последици по кои е тешко човек да му се отвори на својот партнер целосно. Затоа, повторно, потребно е да комуницирате со вашиот партнер за да воспоставите однос изграден врз доверба и да се чувствувате удобно и опуштено во негова близина.

Значи, не срамете се, сакајте го своето тело, комуницирајте со вашиот партнер, и ако тој сака да ви го пружи тоа задоволство, прифатете и уживајте.