Политичарите секојдневно ја уриваат Македонија

Во минатата колумна пишував дека во Македонија постои реален народ и виртуелни политичари. За жал, тие виртуелни фаци носат реална штета на македонскиот народ и држава. Со своите дејствија ја уништија Македонија економски и сега се при крај тоа да го направат и идентитетски. Моментално ние не сме протекторат, туку директна колонија на САД и ЕУ, затоа што немаме ниту една државна институција која не е управувана од надвор: Влада, Собрание, Уставен суд, Претседател, ДИК и т.н. а таму не смеат да гукнат без странска одлука.

ВО ИЗМИНАТИТЕ 25 ГОДИНИ СИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ РАЗОТКРИЈА КАКО МАРИОНЕТИ И НЕМА НИТУ ЕДЕН КОЈ СО КОНКРЕТНИ ДЕЈСТВИЈА СЕ СПРОТИВСТАВИЛ НА ПУЧОТ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И НАРОД. НАМЕСТО СПРОТИВСТАВУВАЊЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈДНЕВНО КАПИТУЛАНТСКО ТАКТИЗИРАЊЕ И МЕНУВАЊЕ НА СТАВОВИ.

Деградацијата на македонските лидери – револуционери и политичари не е од денес. Ја гледавме во 1991 г. кога тие чекаа што ќе направат Словенија и Хрватска во југословенската федерација, како ќе реагира Србија, за потоа да одлучуваат плашливо и контраверзно. Иста беше состојбата во 1944 г. кога други одлучуваа за македонските работи, затоа што тогашните лидери лутаа меѓу фантазијата и реалноста. Слична е состојбата и кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, кога Македонија станува центар на соседските пропаганди и на манипулациите на големите сили.

За странците македонските политичари секогаш биле прочитана книга: дел од нив поткупливи, друг дел – страшливи, трет дел – егоцентрични, а останатите – недозреани локалци. Луѓе како Заев (по него ќе дојде Жерновски или Никола Поповски) се прво ПРОЧИТАНИ, а потоа избрани да ја рушат македонската држава. ПРОЧИТАН е и досегашниот отпор против тоа рушење во лицето на Никола Груевски. Доказ дека и Груевски е прочитан е успешниот притисок врз него во последниве две години. Се знае дека Груевски е инает човек, кој е спремен само на тивок отпор кога станува збор за менување на македонското име (идентитет) и држава. Навидум ги прифаќа ултиматумите на САД и ЕУ, а се обидува да тера на свој начин.

НО, ИСТОВРЕМЕНО, ИАКО ВО МИНАТОТО БИЛ БРОКЕР, НЕ Е СПРЕМЕН ДА ИГРА ГЛОБАЛНО, ДА ПРАВИ ХРАБРИ ЧЕКОРИ ВО ОДНОС НА МАКЕДОНСКАТА ИДНИНА.

Не може да има сомнеж дека и Груевски и Иванов во споредба со останатите политичари ја сакаат Македонија. Но и двајцата чекор по чекор капитулираа пред странските уцени. Иванов ја повлече аболицијата за политичарите, со која пред месец и пол спречи граѓанска војна и го образложи повлекувањето со тоа што не бил сфатен правилно. Дифинитивното повлекувањето од премиерската функција Груевски го оправда со тоа дека „Интересот на Македонија ми е на прво место“. Изјавите и на едниот и на другиот се нелогични. Ако знаеш дека си во право (како Иванов) не мора да ти е гајле за резонансот на одлуката. Ако, пак, македонските интереси ти се приоритет, а притоа имаш доверба неколку пати повеќе од останатите политичари, не мора да се повлекуваш, туку да се бориш, да го организираш народот, да гинеш за него и за државата.

Само што нашите политичари не само што не се спремни да гинат, туку не смеат да кажат за уцените на Бејли, Гарет, Хан, Орав, тројцата „европски глупаци“ и т.н..

Груевски, Иванов и останатите продолжуват да ги кријат со зборовите „странски фактор“, затоа што како што тврди Груевски:

„Кажувам дотаму до каде што сметам дека нема да им направам штета на државата и на граѓаните. Едно е некои работи да ги каже некој политички коментатор или аналитичар, друго е да ги каже политичар со функции и одговорности како јас“.

ТОА Е ПРИМЕР ЗА КАПИТУЛАНСКИ ПОТФАТ, НО И ЗА НЕПОЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПСИХА, КОЈА БАРА НАРОДНО УПРАВУВАЊЕ И ЛИДЕРСТВО, А НЕ ТАЈНИ ДОГОВОРИ НА ШТЕТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ.

За македонските политичари „Државата над се’“ се само зборови без содржина. Затоа Иванов им угоди на странците и ја повлече аболицијата за политичарите кои сега марионетното СЈО слободно може да апси. Но, не е повлечена аболицијата на Заев за „Глобал“ затоа што Американците не дозволуваат. Затоа и Груевски се фокусира врз градинки, школи, болници, наместо врз опстојување на македонската држава.

Веќе се гледа дека…