Политичарите секојдневно ја уриваат Македонија

Веќе се гледа дека ВО ИЗМИНАТИТЕ ДЕСЕТ ГОДИНИ ВМРО-ДПМНЕ НАМЕРНО ПРОКОЦКА ГОЛЕМИ ШАНСИ ДА ДОБИВА НА ИЗБОРИ НЕ ПО 60-ИНА, ТУКУ ПО 70-80 ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО И ДА УПРАВУВА САМОСТОЈНО БЕЗ АЛБАНСКА КОНТРОЛА ВО ВЛАДАТА.

Затоа и партиските програми беа колку да се добијат изборите, а потоа да се правдаат дека били уценувани од ДУИ или ДПА. Такво умилкување кон САД и ЕУ кореспондираше со илузијата дека Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО. Денес оваа илузија е се’ уште присутна меѓу политичарите независно дека народот не сака да слушне ниту за едните, ниту за другите.

И денес ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го чека ГОДО. За некои ГОДО е републиканскиот кандидат Трамп во САД. Демек ако станел претседател, американската политика ќе бидела благонаклонета кон Македонија. Глупост е дека Трамп бил независен и го рушел статусквото во САД. Независна фаца не може да има 9-10 милијарди долари. Него го контролира Рокфелер, како што демократите ги контролира Ротшилд. Двата кланови се и конкуренти, но и добро соработуват. Со други зборови, менување на американската стратегија за уништување на Македонија нема да има.

Од илјадалетија се знае (како и од самата македонска историја) дека НАПАДОТ Е НАЈДОБРА ОДБРАНА. Само што досега и ВМРО-ДПМНЕ и Груевски мислат дека со капитулантска политика ќе ги смират тензиите. Но, се знае дека апетитот доаѓа со јадењето. Парите на Сорос и на странските служби се доволно многу не само за „шарена револуција“, туку и за молотови коктели и багери како во Киев. Наместо вандалите да бидат уапсени и ставени во затвор, МВР на Чавков само ги слика, а некои добиват казни по 50 евра, што се 1/6 од нивната дневница. Веќе има тајни собири на бизнисмени за уривање со багери и бомби на македонската Влада и Собрание. Двете институции смирено ги чекаат агресорите.

САД, ЕУ и домашните предавници сакаа Груевски да капитулира и да се повлече.

ТОЈ ГО НАПРАВИ ТОА, НО СЕГА ТИЕ ЌЕ БАРАТ ПОВЕКЕ – ДА ЈА ИГРА УЛОГАТА НА ЗАЕВ, НО ЗА РАЗЛИКА ОД НЕГО СО ПАТРИОТСКИ ЛОЗУНЗИ.

Тоа значи под форма на смирување на тензиите македонскиот народ да не дава отпор на странските окупатори.

„На следните избори кога и да се СДСМ ке загуби, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата“, ветува тој.

Само што, прво, ВМРО-ДПМНЕ и сега ја има довербата, но не ја користи. Напротив, прифаќа се’ што сакат странците, Заевци и Соросовци, прифаќа дури Македонија да биде протекторат само СДСМ да учествувал на избори. Таков идиотизам е за Гинис. Второ, зборовите „кога и да се“ изборите, е доказ дека државата е урната во пропаст. Трето, тензиите ќе се смират само со крајот на една од двете алтернативи – уништување на петоколонашите или уништуване на државата.

Тогаш што понатаму?

КОГА ДОСЕГАШНАТА ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА Е ФАКТИЧКИ МРТВА, МОРА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА ЈА ИЗЗЕМЕ СВОЈАТА СУДБИНА ОД НЕА И ДА ПОБАРА НОВИ ЛИДЕРИ КОИ:

Прво

  • ќе се приклучат со констатациите колку се лоши странците и домашните предавници и ќе почнат борба на живот и смрт со нив
  • цврст прекин на пучот против Македонија со учество на полицијата и на македонски патриоти бранители
  • забрана на секакви протести организирани од невладини и партиски странски платеници
  • затвор за сите вандали
  • забрана на Соросовите инсталации во Македонија
  • забрана на странските амбасадори и на претставниците на САД и ЕУ да се мешаат во македонската внатрешна и надворешна политика
  • расчистување на сите државни институции од петоколонаши
  • приоритет на националните во однос на партиските интереси
  • враќање на автентичниот македонски Устав, знаме и останати државни симболи

Второ

  • менување на системот на управување на македонската држава. Тоа значи директно учество на граѓаните и ефективна контрола од нив врз новата политичка елита. Единствен критериум за добивање на државна служба и позиција мора да биде квалитетот и лојалноста кон македонскиот народ и држава.

Ако  го изгубиме својот идентитет и држава, никакви вработувања, градинки, болници и школи нема да имат вредност, зашто тогаш во нив ќе учат и ќе се лечат немакедонци.

ЗАТОА НАШАТА ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ Е ЗАЧУВУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ И НА ДРЖАВАТА, А СЕ’ ДРУГО ДОАЃА ПОСЛЕ.