Над 300 лекари годишно се испраќаат на специјализација

Над 300 лекари годишно се испраќаат на специјализација
Над 300 лекари годишно се испраќаат на специјализација
Проектот за едукација на медицинскиот кадар ги надиминува очекувањата и преставува значајна додадена вредност.

Досега опфатени се 2.200 лица, а се почнало со норма со 500 луѓе што се медицински кадар, лекари или медицински сестри и се надминати сите очекувања. Бројката што за само една година се испраќаат на обука во странски здравствени центри порано не се достигнувала ниту за 20 години.

Овој проект носи предности не само за стекнување со професионални, туку и со организациски вештини, хоспитална култура, однос кон пациенти, кон колеги.

Паралелно со ова тече и проектот за специјализација на доктори. Над 300 лекари годишно се испраќаат на специјализација.

Во тек е и процесот на кофинансирање на приватни специјализации, на чиј втор оглас се пријавиле 170 лекари. На специјализации од Струмица се  имаат испратено 20 лекари, од нив 18 се во Македонија и двајца во Белград, Србија. Тоа е друг тип на додадена вредност.

Со ова ќе се реши и прашањето за специјализанти во помалите градови, зошто овие кадри ќе се вработуваат во центрите во кои аплицирале.

Инаку во последните пет години, на ниво на Македонија во јавниот здравствен сектор вработени се преку 4.000 лица, во најголем дел или преку 90 отсто медицински персонал, а остатокот информатичари, физичари што преставува значајно кадровско екипирање…