Кратовчанец крвнички го претепал синот поради лоши оцени

Татко од Кратово го претепал својот малолетен син, притоа нанесувајќи му телесни повреди поради лошото поведение на училиште, пренесува Пресс24.

Во 18 часот и 15 минути во Полицијата во Кратово, петнаесетгодишник во присуство на службени лица од Центарот за социјални работи пријавил дека истиот ден околу 15 часот и 30 минути неговиот татко, 50-годишниот М.М. кој инаку е самохран родител, го тепал и му нанел телесни повреди во пределот на главата и телото, по што истиот побегнал и не сака да се врати дома. На малолетникот му е укажана лекарска помош и му биле констатирани повреди во пределот на главата, расекотина, повреди со подлив на плешките и десното рамо, по што е пуштен на домашно лекување.

Причина за тепањето била непослушност и лошо поведение во училиште.

Против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.