Едноставни рецепти за вработени мајки

Ако сте мајка и притоа сте вработена, тогаш сигурно не стигнувате да размислувате за тоа што ќе подготвите денеска за ручек. Овие едноставни рецепти ќе ви помогнат за кратко време да подготвите вкусен оброк.

Топли сендвичи

Потребно е:

250 гр меко сирење

6 лаж мајонез

2 лаж магдонос

пола лаж. масло

2 млади кромидчиња

8 парчиња шунка

8 парчиња леб за тост

1 зелена јаболка

Сол и пипер

Подготовка:

Во чинија измешајте ги сирењето, маслото, младиот кромид и пиперот. Загрејте го тавчето на средна температура. На едно парче леб наредете две парчиња шунка, едно парче јаболка, додадете ја смесата со сирење и ставете парче леб кое ќе го намачкате со една лажичка мајонез.

На тавче ставете го сендвичот да се попржи и тоа на страната на која сте го намачкале мајонезот. Благо притиснете и по 45 секунди, намачкајте ја горната страна на сендвичот со мајонез и свртете. По 30 секунди тргнете го сендвичот од оган и ставете го на чинија па пресечете го на пола. Повторете го истото со остатокот од лебот.

omletОмлет

Потребно е

6 јајца, 2 лаж масло, 1 црвен кромид, 1 лута пиперка, 2 лаж ситно сечкан магдонос, една лаж црвен пипер, сол и пипер.

Подготовка:

Изматете ги јајацата околу една минути додека не се создаде пена. Во јајцата додадете ги ситно исечканиот кромид и добро измешајте. Додајте малку сол и пипер. Загрејте го маслото на средна температура и ставете ја претходно подготвената смеса со јајцата. Мешајте, а потоа покријте и печете околу двеипол минути. На чинија или поклопец пренесете го омлетот и свртете за да го испечете од другата страна. Печете уште една минута.