Демонстрантите од СДСМ и СОРОС ќе блокираат крстосници низ Скопје

Демонстрантите од СДСМ и СОРОС ќе блокираат крстосници низ Скопје
Демонстрантите од СДСМ и СОРОС ќе блокираат крстосници низ Скопје
СДСМ и СОРОС соочени со се помалиот број на граѓани кои доаѓаат на нивните протести од денеска решија да почнат блокади на крстосницит низ Скопје. Од т.н „Шарена револуција“, најавија дека блокадите ќе почнат на пладне.

„Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ги замолуваме сите граѓани за трпение и за поддршка!“ – велат демонстрантите на опозицијата.

Ваквиот чекор доаѓа на само еден ден откако полицијата го запре комбето на СДСМ управувано од возачот вработен во опозициската партија во кое беа пронајдени бои и опрема за уништување и сквернавење на спомениците и објектите низ Скопје. Познавачите на состојбите сметаат дека блокадата на крстосниците  е чекор кој СДСМ и СОРОС го преземаат соочени со фактот дека доаѓа летниот период во кој нивните активисти ќе заминат на одмор и ќе останат без никаква поддршка, пишува Курир