Претпладне сончево, попладне дожд

Сончево време со мала до умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден.

Попладне во северозападните делови со услови за локален краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне  со услови за локален краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Дневните температури ќе бидат во благо опаѓање.