вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

Во сообраќајка кај Бигорски манастир тешко повредени мајка и близнаци

Во сообраќајка кај Бигорски манастир тешко повредени мајка и близнаци

Во сообраќајка кај Бигорски манастир тешко повредени мајка и близнаци

Последни вести

На регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на Бигорскиот манастир, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „Пежо 306“ со скопски регистерски таблици, што го управувала 45-годишната скопјанка Т.Н. и товарно возило влекач „Даф“ со дебарски таблици, управувано од И.П.(59) од Дебар.

-Во судирот, Т.Н. и тројца сопатници во возилото што го управувала, М.М.(70) и нејзините две осумгодишни машки деца (близнаци), задобиле  тешки повреди и по укажаната лекарска помош во здравствените домови во Дебар и Ростуше, пренесени се на скопските клиники, каде се задржани за натамошно лекување, информираат од СВР Тетово.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Најчитани вести