ТОП,Македонија

Груевски: Од 38 отсто во време на СДСМ, невработеноста ја намаливме на 24,5 отсто

Груевски: Од 38 отсто во време на СДСМ, невработеноста ја намаливме на 24,5 отсто
Груевски: Од 38 отсто во време на СДСМ, невработеноста ја намаливме на 24,5 отсто
И покрај политичката криза, невработеноста во Република Македонија постојано се намалува и во последниве години достигна до историски најниско ниво.

Споредено со истиот квартал од минатата година со една година наназад има пад од 2,8 отсто.

-Било каков пад на невработеноста во услови на ваква политичка криза  е добра вест, а камоли пад од 2,8 отсто за една година имајќи обѕир дека во таа една година перманентно, постојано, сме во ситуација на политичка криза предизвикана од нашите политички опоненти и како инструмент на нивна борба за доаѓање на власт, не како инструмент за движење на земјата напред туку како инструмент како да издејствуваат нивно доаѓање на власт. Сите мерки кои беа преземани од страна на Владата, имаше огромна плејада на мерки заради кои добивме и многу признанија меѓународни, од многу значајни личности од светот на економијата, меѓународни финансиски институции. Успеавме со многу напори, со давање на голема поддршка на домашната економија, но и силен импулс и поттик на странските инвеститори да дојдат во Македонија, успеваме да имаме континуирано намалување на невработеноста. Во некој квартал таа е поголема, во некој е помала, но постојано е намалување, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, прашан за коментар по последните податоци на статистика.

Тој потсети на времињата кога во Македонија имаше континуирано зголемување на невработеноста.

-Таа некаде во почетокот на 90-тите беше околу 18 отсто, за да стигне до 38 отсто пред нашето доаѓање во Владата кога веќе континуирано опаѓа и сега дојде од 38 на 24,5 отсто. Јас сум сигурен дека со отстранувањето на оваа политичка криза, намалувањето на невработеноста ќе биде многу поголема, ќе има поголем импулс на економијата, на домашните и странските инвеститори. Затоа е многу важно опозицијата да разбере дека кога се обидува да дојде на власт со деструктивни чекори со кои што крајниот ефект е кај граѓаните, а тие се доволно искусни да сфатат дека  тоа што тие им го прават е негативно за самите нив, за граѓаните. Кога тоа ќе го сфати опозицијата и ќе го смени стилот на борење за победа на избори или за доаѓање на власт тогаш можеби ќе има и поголеми успеси. До тогаш ќе тоне, но за жал се обидува да ја потоне и државата. Ние го правиме нашиот максимум тоа да не им го дозволиме, не е лесно. Засега добро успеваме со минимализирање на тие штети, но битката е исцрпувачка, заклучи Груевски.