Магазин

Убиецот на Кристина Грими дошол на концертот специјално за да ја убие

Убиецот на Кристина Грими дошол на концертот специјално за да ја убие

Мажот, кој пред два дена ја застрела пејачката Кристина Грими во американскиот град Орландо во сојузната држава Флорида пристигнал од друг град, вооружен со два пиштоли со мал калибар, специјално за нападот, изјави началникот на полицијата на Орландо, Џон Мина.

Убиецот ја застрела пејачката од романско потекло веднаш по нејзиниот концерт додека таа делеше автограми, по што се самоуби.

Дваесет и две годишната пејачка стана ѕвезда во САД, откако го освои третото место на телевизиското реално шоу „Глас“ во 2014 година.

– Убиството е извршено во концертната сала. Внатре имаше околу 140 лица, вклучувајќи ги и фановите на Грими. Тогаш 27-годишниот маж без да биде забележан се приближи до неа и отвори оган, погодувајќи ја фатално, нагласи полицискиот началник на прес-конференцијата во Орландо.

Подоцна полицијата го идентификуваше напаѓачот како Кевин Џејмс Лојбел од градот Сент Питерсбург во Флорида. Тој со себе носел два пиштоли, полни со муниција и ловџиски нож. Додека полицијата се обидувала да го уапси, тој се застрелал.

Се истражуваат мотивите пради кои тој посегнал по животот на младата пејачка.